Ванхауте:ЕУ и Орбан мора да знаат дека не може да му се даде азил на Груевски, а истовремено да бараат владеење на правото во Македонија

,,Читајќи го она што се случува со Канцеларијата на Специјалниот јавен обвинител во Северна Македонија, можам само да заклучам дека владеењето на правото повторно се спушта со голема брзина надолу. Што и да се случило во Канцеларијата на специјалниот обвинител, важно е да се спречат сите шпекулации и да се дозволи обвинителството редовно да ја извршува својата работа. Во случај да има злоупотреба, луѓето кои се вклучени во неа треба да одговараат. Но, гласините мора да сопрат!


Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои веруваа дека се недофатливи и над законот?

Како одговор на прашањето ,,кој има интерес ова да се случи”, можев можам да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да ѝ помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: политичарите направија целосна збрка.

Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство.

Тоа само докажува дека пред вас има долг пат. Можам само да се надевам дека денес и утре, уште еднаш граѓанското општество ќе се разбуди и ќе побара да се почитуваат основните демократски вредности во секое време, дури и од политичарите.

И конечно, што и да се случи, истрагите од прислушувањата треба да продолжат. Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него (прислушувањето), вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и евентуално осудени.

И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде азил на Груевски, а во исто време да бараат од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!“-напиша олеснувачот во Пржинскиот процес, Питер Ванхауте.