Вардарци го слават големото финале во Лига на шампиони

По спектакуларниот натпревар и сензационалистичкиот пресврт во второто полувреме, по што следуваше големата победа на Вардар против Барселона во Келн, ракометарите и целиот тим го прославија големото финале во Лигата на шампиони.

Ракометарите на нашиот најдобар и најтрофеен клуб дадоа сѐ од себе и постигнаа историска победа за трка по втората титула за најдобар европски клуб.

Македонските навивачи ја направија пеколна атмосферата во арената во Келн.

Вардар ја победи Барселона со 29 спрема 27 и утре, недела во 18 часот ќе игра финале со Веспрем.