Вардар е подготвен за последниот предизвик сезонава, најважниот, завршниот турнир во Келн и борба за ново финале во Лигата на шампионите.

Тренерот Роберто Парондо, смета дека пласманот во завршницата на Лигата на шампионите е успех сам по себе , со оглед на околностите со кои се соочи Вардар, финасиска криза, отпишан од многумина, тимот оствари резултат кој малкумина го очекуваа.

„Пласманот на Ф4 е како добиена лотарија. Видете нè, тука сме само четири екипи, сите други се дома… Сите сме со исти шанси, а деталите се тие што ќе одлучуваат. Работевме на деталите напорно, затоа што тие ја прават разликата, нијансите, тоа е она што ни треба за да ја победиме Барселона. Дали ќе биде тешко – ДА! Дали ќе функционира и како ќе функционира на теренот, тоа ќе видиме в сабота“, потенцира Роберто Парондо.

Столе Стоилов е задоволен што Вардар е во Келн, резултатот е одличен, можеме да се надигруваме со сите, немаме што да загубиме.

„Вардар е дел од елитата со пласманот на Ф4. Сезоната беше тешка, пласманот во Келн е голем успех. Многумина тоа не го очекуваа, можеби дури и некои од нас играчите. Се надеваме на позитивен резултат“, изјави Столе Стоилов.