Вардар и Весрем го играат дербито на неделата во избор на ЕХФ, двете екипи се во борба за второт место во групата А .

Во Скопје се враќаат Штербик и Дејан Манасков кои се поранешни вардарци. Во таборот на Вардар очекуваат тежок натпревар но тренерот Парондо смета дека тимот е подготвен и очекува победа против силниот противник .

„Очекувам тешка средба против Веспрем. Ни остануват уште три средби и работевме добро во минатите денови и подготвени сме за она што претстои. Сакаме многу бодови во последните три средби. Ќе ни биде навистина тешко бидејќи Веспрем е квалитетна екипа во која играат многу добри ракометари. Сакаме да победиме и победата е најважна за нас. Во последните денови Борозан и Мораеш работеа заедно со нас и ќе видиме како ќе биде. Доколку биде сè во ред со нив тогаш ќе ги имаме на терен и в сабота. Со Горбок ситуацијата е поинаква. Сигурно ќе помине уште еден месец додека можеме да сметаме на него”, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Натпреварот се игра од 17-30 во СЦ „Јане Сандански“ , билети нема и Веспрем го очекува вистински „пекол“ од навивачите на Вардар.