Вардар вечерва од 18 часот против Веспрем игра за својата во втора титула во Лигата на шампионите.

Вчерашната голема победа над Барселона со 29-27 го одведе македонскиот шампион во борба за круната на Европа.

Малку време за одмор имаше Вардар, неколку часа повеќе Веспрем, тренерот Роберто Парондо уште вчера ја анализираше играта на Веспрем против Киелце.

Македонија е повторно во ракометна еуфорија, и покрај сите проблеми , Вардар се издигна високо и стигна до ново финале.

Целтта сега е повторување на успехот од пред две години кога во финалето во Клен, Вардар запиша драмтична победа над ПСЖ со 24-23.

Веспрем нема титула, клубот од Унгарија ќе игра во своето третот финале, загуби во претходните две од Барселона ( 2015 ) и Киелце ( 2016 ), немаме ништо против така да биде и денеска.

Средбата , Вардар – Веспрем, се игра од 18 часот, градоначалникот на скопје, Петре Шилегов, на фејсбук најави дека градот ќе организира групно следење на финалето во центарот преку голем видео бим.