Вардар в сабота го пречекува Веспрем, натпревар кој значи борба за второто место во групата.

Македонскиот шампион веќе има обебзедено осминафинале но целтта е да се биде втор во групата, тренерот Роберто Парондо потенцира дека екипата е ппдготвена за овој предизвик .


„Очекувам тешка средба против Веспрем. Ни остануват уште три средби и работевме добро во минатите денови и подготвени сме за она што претстои. Сакаме многу бодови во последните три средби. Ќе ни биде навистина тешко бидејќи Веспрем е квалитетна екипа во која играат многу добри ракометари. Сакаме да победиме и победата е најважна за нас. Во последните денови Борозан и Мораеш работеа заедно со нас и ќе видиме како ќе биде. Доколку биде сè во ред со нив тогаш ќе ги имаме на терен и в сабота. Со Горбок ситуацијата е поинаква. Сигурно ќе помине уште еден месец додека можеме да сметаме на него”, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Столе Стоилов очекува тежок натпревар, Веспрем е секако инспирација за нашите ракометари, желбата е победа, екипата е добро подготвена.

Подготвени сме за она што претстои и очекувам да одиграме максимално добро за да дојдеме до посакуваниот резултат”, изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в сабота од 17-30 часот.