Вардар загуби од Черно Море 0-2 на пријателската средба во Аланија, Турција. За Вардар ова е четврти пораз на подготвките.

Головите паднаа по еден во двете полувремиња, стрелци на головите за Черно Море беа Ндонгала во 37. и Фенуш во 74. минута. Вардар во Аланија ќе одигра уште две пријателски средби и се надева барем на еден добар резултат , досега загуби од Иртиш, Сумгаит и Миеѓ Легница.