Вечерва, Вардар од 18 часот се среќава со Барселона во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Вардар иако имаше бурна сезона на финасиски план, без плата долго време, победи професионалнота кај ракометарите кои одработија максимално добро и заслужено се меѓу четерите најдобри во Европа.

Сташ Скубе за вечерашниот натпревар изјави дека Вардар нема право на грешка, Барселона е фаворит но „црвено-црните“ секогаш играат на победа.

„На средбата во Барселона ние игравме одлично цело прво полувреме и бевме на гол разлика. Потоа за 8-9 минути во второто полувреме кои беа црни наеднаш дојдоа плус девет за Барселона. Тоа е нашата главна тема, да бидеме добри во напад и да не им дозволиме брза транзиција. Ако во нападот не си добар и не ја намалиш бројката на технички грешки на минимум нема шанси да играш против Барселона. Секоја грешка ја користат за лесен гол. Колку за потсетување. “, коментира Сташ Скубе.

Тренерот Парондо, од друга страна вели дека Вардар игра против најголемиот фаворит за титулата.

„Третпат по ред сме тука. Не сме фаворити туку играме против најголемиот фаворит на годинешниот Ф4, Барселона. Овој тим имаше одлична сезона. Сепак, тука во Келн годинава сите имаат свои шанси. Се работи за еден натпревар, никој не може да знае како ќе отвориме и сè може да се случи на терен, вели Стојанче Стоилов.

Мечот меѓу Вардар и Барселона се игра попладнево во 18 часот.