ВАР (Video Assistant Referee) иако беше најавен за следната сезона во Лигата на шампионите ќе дебитира во осминафиналето од ова натпреварување оваа сезона под притисок на јавноста.

Италијанецот Роберто Росети е главниот координатор на проектот, изјави дека ќе има и санкции за оние кои ќе се обидат да го диктираат користењето на ВАР.

Секој играч кој ќе врши притисок за користење на ВАР ќе биде санкциониран, играчите кои ќе го попречуваат судијата во прегледувањето на снимките исто така ќе бидат казнети – изјави Росети.

Според Росети судиите се среќни што во Лигата на шампионите ќе се користи ВАР, секако технологијата не може да ги замени судиите но ќе ги сведе на минимум грешките, додаде Росети.

ВАР во ЛШ ќе дебитира во Рим и Манчестер следната недела, Рома го пречекува Порто, Јунајтед е домаќин на ПСЖ.