Васко Ковачевски ќе биде директор на РЕК Битола

Пратеникот на СДСМ и претседател на ОО на СДСМ -Битола, Васко Ковачевски, ќе биде нов директор на РЕК Битола.

Тој денеска поднел оставка на пратеничката функција, а на негово место влегува Самка Ибраимовски кој се повлече од Владата и поднесе оставка на местото министер.