ФФМ ги објави сумите кои се добиени преку ваучер системот , средства за даночно ослободување по Закон за добивка.

Според листата, ФК Работнички доби право да искористи најмногу средства, втор е Вардар, шампионот Шкендија е трета.

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите кои аплицираа за ваучер (користење на средства од даночно ослободување по Закон за данок на добивка), кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт, согласно Законот за спортот,   во текот на вчерашниот ден 05. Јуни 2019. годинан на Фудбалската федерација на Македонија и беа врачени ваучерите наменети за фудбалските клубови, во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови:

1. ФК РАБОТНИЧКИ АД Скопје, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари;

2. ФК ВАРДАР АД Скопје, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари;

3. ФК ШКЕНДИЈА АД Тетово, ваучер во висина од 6.348.252.оо денари.

4. ФК ПЕЛИСТЕР АД Битола, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари;

5. ФК МАКЕДОНИЈА ЃП АД Скопје, ваучер во висина од 5.066.680.оо денари;

6. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 4.619.620.оо денари;

7. ФК ТЕТЕКС АД Тетово, ваучер во висина од 4.470.600.оо денари;

8. ФК ШКУПИ АД Скопје, ваучер во висина од 4.112.952.оо денари;

9. ФК РЕНОВА АД Тетово, ваучер во висина од 3.963.932.оо денари;

10. ФК ПОБЕДА АД Прилеп, ваучер во висина од 3.516.872.оо денари;

11. ФК БРЕГАЛНИЦА АД Штип, ваучер во висина од 3.427.460.оо денари;

12. ФК ГОСТИВАР АД Гостивар, ваучер во висина од 3.367.852.оо денари;

13. ФК СКОПЈЕ АД Скопје, ваучер во висина од 3.129.420.оо денари;

14. ФК БЕЛАСИЦА АД СТРУМИЦА, ваучер во висина од 2.831.380.оо денари;

15. ФК СИЛЕКС АД КРАТОВО, ваучер во висина од 2.622.752.оо денари;

16. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ, ваучер во висина од 2.533.340.оо денари;

17. ЖФК ИСТАТОВ, ваучер во висина од 539.580.оо денари;

18. ЖФК ТИВЕРИЈА, ваучер во висина од 533.232.оо денари;

19. ЖФК АС ЈУНАЈТЕД, ваучер во висина од 507.840.оо денари;

20. ЖФК ДРАГОН, ваучер во висина од 507.840.оо денари;

21. ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари;

22. КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ, ваучер во висина од 443.700.оо денари;

23. ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари;

24. ЖФК КОЧАНИ, ваучер во висина од 380.880.оо денари;

25. КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА, ваучер во висина од 284.200.оо денари;

26. ЖФК САСА КАМЕНИЦА, ваучер во висина од 279.812.оо денари;

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, дека ваучерот ќе може да го подигнат од 11.06.2019 година во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. 

Фудбалската федерација на Македонија ги известува клубовите кои имаат аплицирано за ваучер, а истите не се на листата наведена погоре за повеќе информации да се обратат до Агенцијата за млади и спорт. 

Истотака, ги известуваме фудбалските клубови и заинтересираните страни (правни и физички лица) дека Фудбалската Федерација на Македонија се уште нема информација во врска со апликацијата за ваучерот за Фудбалската Федерација на Македонија.