Се е подготвено за 45 инаугурација во американската претседателска историја. Трамп од денеска и официјално станува новиот Претседател на САД. Тој е еден од најконтроверзните претседатели, кој иако сега ветува обединување, ја подели Америка како никогаш досега. Во Вашингтон се пристигнати многубројни негови поддржувачи, но и оние кои ќе му откажат гостопримство. Свое учество на свечениот чин откажаа стотина демократски конгресмени. Трамп го бојкотираат и холивудските ѕвезди, како и светски популарните пејачки имиња кои одбија да ја исполнат химната во негова чест.
Доналд Трамп денеска официјално ќе стане 45-тиот американски претседател со положување заклетва пред Конгресот во Вашингтон. Инаугурацијата започна вчера со пристигнување на семејството Трамп во главниот американски град и со оддавање почит на загинатите американски војници на гробиштата Арлингтон и на ветераните со концерт на Линколн Меморијал.