Вдовица на борец на ИСИС моли да се врати со бебето во Велика Британија(видео)

Во Велика Британија деновиве се одвива широка дебата дали да ѝ се дозволи враќање назад во Велика Британија на вдовицата на џихадист од редовите на ИСИС, 19 годишната Шамима Бегум. Таа како малолетна девојка на 15 години ја напуштила Британија и избегала во еден од камповите на ИСИС во Сирија. Во меѓувреме, станала жена на еден од џихадистите, а пред неколку дена е пронајдена во бегалски камп во Сирија во поодмината бременост. Откако се породила, вчера се појави во емисија на Sky Newsa, а покрај неа седи жена целосно прекриена со тукушто роденото дете. Шамам е очајна, се плаши дека ако и дозволат да се врати дома, ќе ѝ го одземат бебето. Сега ја уверува јавноста во В.Британија дека не знаела во што се впушта кога им се придружила со 15 години на џихадистите во Сирија.