Веб: Најчудниот жолт картон му го дадов на Дрогба за одење во тоалет

 

Поранешниот англиски фудбалски судија, Хауард Веб во интервју за англиските медиуми се потсети на најчудниот жолт картон којшто го доделил на фудбалските терени. Поранешниот полицаец откри дека негова “жртва” бил поранешниот голгетер од екипата на Челзи, Дидие Дрогба.

– Најбизарниот, а воедно и најчуден жолт картон од мене го има добиено Дидие Дрогба, кој задоцни за второто полувреме, поради тоа што беше во тоалет. Додека се враќаше на теренот уште ги немаше кренато шорцевите, доцнеше на полувремето, па морав да му дадам јавна опомена – рече англискиот судија.

Исто така Хауард Веб откри дека со картон го “почeстил” и голманот на шкотската екипа Шетлестон, Гери Вајт, кој на сред натпревар уринирал зад својот гол.

Инаку, Веб денеска работи како технички директор на комитетот кој го основаа англиските судии.