,,Везилка2011“ ја заокружи едицијата ,,Прашки ракописи“ на Ристо Лазаров

Издаваштвото ,,Везилка2011“ го заокружи издавањето на едицијата ,,Прашки ракописи“ на која покренувач и автор е македонскиот поет Ристо Лазаров.

Последни наслови во едицијата која содржи десет книги се: ,,Јесенска – име на љубовта и слободата“, ,,Сајферт – нобеловецот од прашкиот Монмартр“ и ,,Кундера – неподносливата леснотија на постоењето“.

За текстовите на Јесенска се вели дека уште се актуелни: духот од тоа време како да дошетал до денешни дни, без намера тука да застане; за Сајферт, пак, се посочува пораката о при доделувањето на Нобеловата награда: светот не го бива без малите земји, како што и светската поезија не ја бива без поетите од малите земји.

Од животот на Кундера се редовите на една разгледница што тој ѝ ги напишал на една колешка:

,,Оптимизмот е опиум за народот. Здравата атмосфера корне на глупост. Да живее Троцки!“ поради што го бркаат од факултетот и партијата и завршува на принудна работа во рудник.


Во едицијата ,,Прашки ракописи“ се објaвени и насловите: ,,Цветаева во Прага“, ,,Незгасливи чешки пламени“, ,,Главата на Кафка“, ,,Процесот Слански и други чешки судбини“, ,,Храбал – тажниот крал на чешката книжевност“, ,,Хашек – Добриот војник Швејк“ и ,,Чашек – книжевна легенда“.

Колекции од ,,Прашките ракописи“ авторот ќе ѝ одари на Народната библиотека во Прага, како и на Чешкиот ПЕН.