Веибо и Груевски го извисеа Ранковце

,,Ги нема никаде 10-те фабрики и погоните на Веибо во коишто требаше масовно да се вработуваат граѓани.

Граѓаните се чувствуваат искористено и изневерено!

До раскопаното земјиште има асфалтирана хеликоптеркска писта.

Хеликоптерот на турскиот инвеститор никогаш не слета во Ранковце.

Пистата е единствената реализирана инвестиција овде!”-рече на празната парцела Петре Шилегов портпарол на СДСМ.

,,Луѓето велат дека оваа хеликоптерска писта секогаш ќе ги потсетува на пистата по којашто нивните деца избегаа од Македонија. Младите не веруваат повеќе на лагите за вработувања. Работа најдоа, но далеку од својата земја и својот дом.

626.000 граѓани се разделија од своите семејства и заминаа од Македонија по работа во други земји за да обезбедат достоинствен живот.

Вака во реалноста изгледаат инвестициите на Никола Груевски што помпезно ги најавува!

Пустелијата од инвестициите ја опустошија Македонија! Младите заминуваат токму заради овие пустелии!”- изјави Шилегов.