Велешанец убиен пред својот дом

 

Околу 15 часот на улица „Васил Ѓоргов“, на плоштад Којник во Велес, пред својот дом беше убиено едно лице. Тука го сочекал сторителот на убиството и откако ја здогледал жртвата го затрелал со огнено оружје.

Четириесет и три годишната жртва  веднаш била пренесена во ЈЗУ Општа болница Велес каде лекарите од ургентниот центар му дале прва помош, но починал при внесување во операционата сала на хирушкото одделение, рече д-р Ванчо Граматов специјалист по хирушки болести.

– Повредениот маж во болницата е донесен со видливо крварење од неколку прострелни рани во телото. Внесен е во операциона сала но, за жал, уште пред да започне лекарската интервенција тој з почина, рече д-р Граматов.

Местото на убиството беше блокирано од полицијаа, а јавен обвинител изврши увид.

ДУМА