Велешаните што заработија на Трамп ѕвезди во шоуто на Колберт

,,Еј млади македонски тинејџери, зошто не моѓете да правите нормални работи?” -им се обрати комичарот Стивен Колберт на 100-тина млади тинејџери од Велес кои со лажни профили и лажни вести ја бодреа кампањата на Доналд Трамп, апритоа заработија многу пари.

Ова е  последната емисија на Колберт емитуивана на CBS:

 

 

Младите велешани беа хит низ социјалните мрежи, а неофицијалните информации велат дека десетици тинејџери изнајмиле неколку станови низ Скопје каде преку лажни ФБ профили произведувале лажни, но позитивни вести за Трамп. Поддржувачите на Трамп се лепеле на нив и ги споделувале , а овие заработиле огромни суми пари.

176177-izborna-blagodarnica-do-veleshani

Младите Велешани кои ги водат овие сајтови не се загрижени за Доналд Трамп, туку се водат од чисто економски интереси,пишуваа македонски медиуми тогаш. Имено, корисник на Фејбук од САД „вреди“ четири пати повеќе од корисник надвор од Америка. Тие увиделе дека најбрз начин за генерирање на сообраќај е приказната да се споделува на Фејсбук, а најдобар начин за генерирање на споделувања на оваа социјална мрежа е да се објавуваат лажни и сензационалистички приказни кои ги интересираат поддржувачите на Трамп.
-Да, информациите на сајтовите се лоши, лажни и доведуваат до заблуда, но од друга страна – доколку ги наведуваат луѓето да кликнат и да се ангажираат – тогаш тоа треба да се искористи – рекол студентот од Велес кој води неколку такви сајтови, а кој барал да остане анонимен, пренесува БазФед.
БазФед открил уште повеќе од 100 сајтови кои се занимаваат со изборите во САД, а кои потекнуваат од Велес. Еден од тие сајтови има повеќе од половина милион фанови на Фејсбук.
Во превод, сè се сведува на пари, а не на поддршка на политичка идеологија.
-Го основав сајтот за лесно да дојдам до пари – рекол 17-годишниот Македонец кој со уште четири лица ја работи оваа работа.