Велика Британија ја одобри вакцината за Ковид 19 на Фајзер и Бионтек

Од идната недела во Велика Британија ќе почне вакцинирањето против корона вирусот со вакцината на американскиот произведувач Фајзер и германскиот партнер Бионтек (Pfizer/BioNTech).

Велика Британија е првата држава во светот која ја одобри оваа вакцина за широка употреба, пренесува Ројтерс.

Британскиот регулатор соопшти дека вакцината која нуди до 95% заштита против Ковид-19 е безбедна и дека ќе почне да се употребува наскоро.

Имунизацијата може да започне веќе следната недела за ризични групи луѓе , како што се оние кои живеат и работат во домови за стари лица, здравствени и социјални работници.

Британија веќе има нарачано 40 милиони дози, што е доволно за да се вакцинираат 20 милиони луѓе со по две дози, колку што е потребно за имунизација од Ковид 19..

Од компанијата која ја произведува оваа вакцина тврдат дека таа е 95 насто ефикасна и дека е безбедна за здравјето на луѓето.