Величковиќ наводно делел предизборно огревно дрво

Според неофицијални информации, злосторничкото здружување и злоупотребата на службена положба на полицискиот началник во Куманово Стојанче Величковиќ е наводно делење на огревно дрво пред изборите на социјално загрозени семејства.

Со ваков налог за претрес синоќа нешто по 18 часот влегле вооружени полицајци во домот на Величковиќ и извршиле претрес за пронаоѓање на докази кои би го поткрепиле тврдењето на обвинителство дека тој делел предизборно огревно дрво за добивање гласови на контото на СДСМ.

Величковиќ вчера ги отфрли сите обвинувања и во обраќањето пред насобраните сограѓани побара да се разотидат уверувајќи ги дека нема да биде уапсен, а целата акција ја нарече изрежирана местенка од страна Митко Чавков и Марко Зврлевски.

Величковиќ им порача дека нема шанса да го заплашат.