Велковски и Николовски нови директори на БЈБ и УБК

Лазе Велковски и Горан Николовски се новите директори на БЈБ и УБК. На денешната владина седница, а по предлог на министерот Оливер Спасовски беа избрани наследниците на Чавков и на  Атанасовски. Лазе Велковски беше дел од кабинетот на Агим Нухиу, а најголемиот дел од кариерата го поминал во МВР.
Неколку години бил на должност во Агенцијата за разузнавање но по доаѓањето на Спасовски е вратен во министерството. Новоизбраниот директор на УБК, Горан Николовски доаѓа од редовите на Управата каде е раководител на одделот за контраразузнавање за сектор Балкан.
Со овие назначувања, се комплетираа раководните функции во министерството откако на почетокот на неделата беше избрана Магдалена Несторовска за државен секретар и стана познато дека Агим Нухиу ќе биде заменик министер.
Извор:

24 Вести