Велјановски: Заев и Алаѓозовски ги понижија филмските работници

,,Со одлуката Република Македонија да нема свој претставник во трката за престижниот Оскар на Американската филмска Академија, Алаѓозовски и Заев ги понижија  филмските работници во земјава и ја покажаа својата цврста решеност да  нанесат удар и во овој сегмент од културното живеење“-изјави Роберт Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

Покрај Лабина Митевска и Горан Тренчевски како режисери на двата национални претенденти  за оскар „Кога денот немаше име“ и „Златната петорка“,  со македонското неучеството во трката за „Оскар“, Алаѓозовски и Заев згазнаа и врз достоинството на буквално сите филмски работници во земјава. Во прилог на ваквиот самоуништувачки однос на актуелниот владејачки естаблишмент кон филмската индустрија, говори и податокот дека буџетот за поддршка на филмски проекти годинава е намален за цели триесет милиони денари-рече Велјановски.