Венецуела на работ на граѓанска војна, вознемирувачка закана на сенаторот Рубио

Американскиот републикански сенатор, Марко Рубио, ја шокираше американската и светската јавност со заканувачката порака на својот Твитер налог.

Имено тој во екот на граѓанските немири во Венецуела и јасната поддршка на САД на самопрогласениот претседател, а против актуелниот Николо Мадуро, постави две фотографии од убиениот либиски лидер, Моамер Гадафи.

На едната Гадафи е на врвот на својата моќ, а на другата во моментите пред неговата агзекуција од разбеснета маса народ.

Фотографијата што ја постави сенаторот Рубио

Ова, јавноста, но и политичките противници, го сфатија како отворен порака кон претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Самопрогласениот претседател Гваидо ја повика Америка да интервенира во Венецуела. Тој треба да се сотане во Богота со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Вчера дојде до судир меѓу венецуелската војска и демонстрантите на границата со Колумбија. Убиени се четворица демонстанти, а војската ја запали американската хуманитарна помош.