Муслимански верници кои се собрани околу музеј-црквата Аја Софија во Истанбул за да присуствуваат на првата исламска молитва по прогласувањето за џамија од Уставниот суд во Турција, го пробија полицискиот кордон за да бидат поблиску до објектот.

Неколкумина се повредени, други колабирале.

Од утрината трае молитвата во Аја Софија, во која е ограничен бројот за влез поради корона вирусот.

Наоколу седат сѐ повеќе верници.

Ердоган го укина декретот на Ќемал Ататурк со кој Света Софија во Истанбул беше општонародно и светско добро и служееше какој музеј повеќе од 8 децении.