Илјадници православни верници чекаат во редици пред Цетињскиот манастир да се простат од митрополитот црногорско-приморски Амфилохие, кој вчера почина од Ковид 19.

И покрај јасните протоколи во случај на смрт од корона вирус, правослвните верници од српската православна црква во Црна Гора, дојдоа да му оддадат почит и да се простат од митрополитот.

Многумина од нив без никаква заштита и без социјална дистанца.

Се крстат над отворениот ковчег со телото на Амфилохие и потоа го бакнуваат во чело и раце.

Има и деца.

Митрополитот Амфилохие ќе биде погребан утре.

Тој почина во болница во Подгорица.