Верските заедници во Македонија остануваат имуни на препораките и намерата на Владата со ограничување на контакти и движење да го намали ризикот од ширење на коронавирусот.

Изминатиот петок и Исламската Верска Заедница и Македонската Православна Црква, се оглушија и не презедоа никакви чекори да ги затворат вратите на верските објекти за масовно собирање на нивните верници.

Порталот preminportal.com.mk објави текст и фотографии од петочната литургија од Втората недела од Великиот пост, во Соборен храм  во Скопје, каде отец Зоран Копчаревски во сослужение на о.Сашо Николовски и о.Бранислав Стојанчов, отслужиле  Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица .

Соборен храм, 13.03.2020

Има и вакви фотографии:

На литургијата има и деца…

Во џамиите во Скопје се одржа уште помасовно собирање на верниците и покрај апели на некои јавни личности молитвите во вакви услови, да се држат дома.

Јасмин Реџепи, граѓански активист, во очи петочните верски обреди, ја повика ИВЗ да ги редуцира повиците до верниците да доаѓаат во џамиите.

,, Утре е денот за џума намаз (петочна молитва).
ИВЗ не собра храброст да излезе со одлучен став и фетва за заштита на граѓаните. Затоа пак граѓаните треба да се заштитат себе си и своите најблиски.


Стравот за своето здравје е легитимна причина за неодржување џума намаз, според исламското право. Ова посебно важи за во скопските џамии кои што се преполни! Бидете алката која ќе го прекине синџирот на ширење на вирусот, а никако алката која ќе го шири!
Ве молам да размислувајте трезвено и носете совесни и одговорни одлуки.
ИВЗ може и онлајн хутба да направи“-порача Реџепи.

Но, петочната молитва со масовно присуство на верниците се одржа изминатиот петок и тоа со амин на поглаварот на ИВЗ.

Џамијата полна верници

Од ИВЗ тогаш објавија дека во сите џамии во Република Северна Македонија со наредба на поглаварот на ИВЗ, Реис Улема Сулејман Реџепи, е направена дезинфекција на џамиите и при влез и излез од нив.


Според Реџепи, „петочната молитва мора да се одржи во верска зграда, во џамија“, додека сите други ,,треба да се молат во своите домови“.


,,Џамиите секојдневно се дезинфицираат“-изјави тој пред медиумите во Скопје претходниот ден.


Според Реисул-Улема, „целосното затворање на џамиите ќе предизвика паника кај граѓаните“.

Тој се надева дека 13-те муфтии, во сите џамии, ќе преземат најголема грижа за да ги заштитат верниците од зараза или пренесување на вирусот Корона.


,, Во исламската традиција се води грижа за лична хигиена и заштита на животната средина, меѓутоа, верниците се должни, во исклучителни околности, да го подигнат нивото на чистота и религиозните ритуали во согласност со учењата на Светиот Куран, сунтатот на пророкот (а.с.) и Уставот, законите и прописите на ИВЗ, како исламска верска институција во Република Северна Македонија.


Исто така, во сите џамии, на 13 март 2020 година, има(ше) молитва оваа болест да се отстрани што е можно поскоро од човештвото и сите луѓе, без оглед на нивните верувања, да бидат во мир со себе и со Бога“-стои во соопштението објавено од ИВЗ.

АКО.мк(Е.Л.)