Пред преполна сала, актерката Весна Петрушевска вчера го одбележа јубилејот 25 години откако таа и МНТ се во ,,љубов“, професионална се разбира. Весна е 25 години дел од ансамблот на оваа најпозната македонска театарска куќа.

Таа во стенд-ап шоуто ,,Влези, не се соблакај“ , го раскажа сиот свој живот, згоди и незгоди.

Искрено пред публиката
Ја освои публиката

Никогаш не помислувала дека автомобилот ќе ѝ падне во Вардар, ниту дека ќе падне во клиничка депресија, ниту дека ќе се случи пожар во куќата на нејзините родители. Бејби откри и како ставила крај на врската со последниот партнер, а не се ни свртела назад по него, раскажа како и тој како и нејзиниот драг пријател Тони Михајловски ја задевале оти е „дебелка“, а таа за кус период успеала да симне 20 килограми.

Првите прегратки и честитки на сцената ги доби од нејзините деца

Во фоајето на МНТ е поставена изложба.

Фотографиите се преземени од КМК Продукција