Ветерани на ОВК блокираа патишта каде треба да помине српскиот претседател Вучиќ(видео)

Радио Телевизија Србија јавува дека ветерани на ОВK блокирале неколку патни правци во Косово кадешто треба да помине српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во дводневна посета на Косово и Метохија.

 

Според РТС, на места се слушнале и рафални пукотници.

Српската државна телевизија нон-стоп врши директен пренос од историската посета на претседателот Александар Вучиќ. За Белград, неговата посета е доказ дека Косово не е независно и дека Вучиќ е во посета на дел од Србија, подносно на покраината Косово и Метохија.

Вучиќ ќе го посети местото каде беше убиен Оливер Ивановиќ, а ќе има централен митинг во Косовска Митровица.