Вечерва ќе се знае Цачева или Радев за претседател

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во кој со поголема шанса за победа влезе кандидатот на социјалистичката партија која е во опозиција Румен Радев од кандидатката на ГЕРБ на премиерот Борисов-Цецка Цачева.

Првиот се одржа пред една недела, а повеќе гласови освои 53 социјалист генералот Румен Радев, поранешен командант на бугарската воздушна армија .

58 годишната Цачева, кандидатката на ГЕРБ, имаше 4 проценти помалку освоено гласови од Радев.

Изборите се тест за популарноста на премиерот Бојко Борисов, кој е на власт од 2014 година. Тој вети дека ќе даде оставка од функцијата доколку кандидатката на ГЕРБ ги загуби изборите и ќе свика вонредни парламентарни избори.