Вељановски закажа координација во вторник 21 март

Трајко Вељановски , кој се уште ја извршува функцијата претседател на Собрание, ја закажа координативната средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание за вторник, 21 март.

Еве што се вели во соопштението испратено од прес службата на Собрание на РМ:

,,Денеска во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а после извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.“