ВИДЕО:Бели Прелетачевиќ потписите за претседателската кандидатура ги донесе во бел ковчег

Љубиша Прелетевиќ Бели, лидер на движењето ,, Сарму пробо ниси“(не проба од сармата) на уникатен начин ги предаде десетте илјади  потписи за кандидатурата за Претседател на Србија. Со музика, труби и колона возила, бела долга лимузина пристигна пред Државната изборна комисија во Белград и во бел ковчег во кој беа десетте илјади потписи, влезе во РИК за да ги предаде собраните потписи. Тој излезе во црна бунда придружуван од своите поддржувачи, а беше пречекан со громогласен аплауз и смеење .

Атмосферата е пародична , но потписите и кандидатурата се вистински:

 

 

Околу 500 главно млади луѓе извикуваа ,,Одиме во втор круг“, ,,Аве Бели“, ,,Бели каде е прасенцето“, ,, Дај подели ни сендвичи“…

Неговите помошници го внесуваат белиот ковчег во РИК, а во него се собраните потписи.

Бели и неговото движење ,,Сарму пробо ниси“ ја исмеваат политичката сцена во Србија, но и на таков начин на минатогодишните локални избори во Младеновац успееа да освојат 22 проценти од гласовите и сега се советници.

АКО.мк