ВИДЕО:Во Белград уништена бомба од 500 килограми од Втора светска војна

Во Белград на едно од градилиштата на проектот ,,Белград на вода“ е уништена бомба од Втора светска војна, која пред два дена беше пронајдена при копање на темели.

Бомбата ја уништи сектор на МВР за вонредни ситуации, а претходно во знак на предупредување се слушнале сирени за тревога.

Заради безбедност сите околни улици беа затворени за сообраќај, а населението кое живее во близина беше предупредено да не излегува.

Бомбата била тешка 500 килограми, со 250 килограми експлозив во неа.

 

АКО.мк,РТС,агенции