ВИДЕО:Лазански и Протиќ Македонците и Македонија ги прогласија за измислена нација и држава

Српските медиуми последните два месеца  во најмала рака известуваат непрофесионално, тенденциозно и необјективно за политичката криза во Македонија.

Нивните извештаи се базираат на непроверени факти, новинарите се слабо информирани или пак погрешно брифирини. Ова особено се засили по информациите за наводно прогласување на Декларација во која Србите ќе бидат обвинети за геноцид врз Албанците во Македонија. Можеби не е изненадување тенденциозноста на некои портали со сомнителен кредибилитет, или пак приватни телевизии, но најголемо изненадување е необјективното и непрофесионално известување на државната телевизија -РТС.

На приватната телевизија Хепи емитувана е скандалозна емисија на авторот Миломир Милиќ , Кирилица, во која гостите историчарот Милан Протиќ и новинарот Мирослав Лазански, чест гостин во Македонија, жестоко ги нападнаа Македонија и Македонците, нарекувајќи ги непостоечка нација, вештачка држава, творба на Тито….и сето тоа беше одобрувано од водителот на емисијата.

Еве го тоа видео:

 

За Милан Протиќ м оже да најдете податоци на интернет дека правнук на првиот Премиер на Кралство на Срби, Хрвати и Словенци Стојан Протиќ. Завршил Правен факултет во Белград, а докторирал модерна европска историја на универзитет во Калифорнија.

Тој е контроверзен политичар кој бил амбасадор во САД во 2001 година, поставен во февруари, а сменет во август. Работи во САНУ во Балканолошкиот институт.

Мирослав Лазански на македонската јавност и е познат како новинар кој успешно известуваше за прашања од  во областа на воено-безбедносносната сфера и како неуспешен политички аналитичар кој е чест гостин во последно време и во Македонија.

 

АКО.мк