ВИДЕО:Пожарникар успеал да фати бебе фрлено од втор кат

Неверојатен подвиг на американскиот пожарникар  Роберт Сатон кој успеа да фати бебе фрлено од вториот кат од стан зафатен со пожар. Сатон изјавил дека слушнал повици од  станбената зграда зафатена со пожар, а потоа видел новороденче на прозорецот од станот кој бил во пламен.

 

Таткото на бебето панично барал помош држејќи го над прозорецот. Среќа во несреќата е што пожарникарот стоел долу и што успеал да реагира прибрано во тие моменти. Тој изјавил дека е неверојатно среќен што успеал да го фати бебето живо и здраво во своите раце.