ВИДЕО:Пребеганиот Методи Витанов во Струмица станал советник во коалиција со СДСМ

 

,,Небулозите кои беа презентирани на советничката група на ВМРО ДПМНЕ од општина Струмица оваа прес конференција, само се уште една грда слика за состојбата во која се наоѓа оваа партија.Тврдењето дека неморалниот чин на еден поединец  претставува волја на мнозинството е во најмала рака  лага и манипулација без преседан. СДСМ на последните три изборни циклуси на локалните избори во Струмица извојува убедлива победа, вклучувајќи ги и последните кога за оваа партија гласаа 18425 граѓани. Се поставува прашањето по безмалку 4 години, што го натера советникот Методи Виотанов на прагот на новите локални избори, да го направи овој срамен чин“-рече на прес конференција претседателот на општинска организација на СДСМ во Струмица Марјан Даскаловски. Да ја преиспита својат одлука и да ја симне својата огромна дамка , која ќе го следи цел живот

Методи Витанов во 2103 година станал советник во општина Струмица во коалиција со СДСМ. Тогаш ВМРО НП на Љубчо Георгиевски коалицираше со СДСМ кога претседател беше Бранко Црвенковски.

Во април 2013 во Струмица Зоран Заев беше избран за градоначалник по трет пат и имаше мнозинство се до денеска. На 12 април 2013 во Домот на АРМ со верификација на мандатите на новоизбраните членови беше конституиран новиот Совет на општина Струмица. Вкупно 23 членови го сочинуваат новиот состав на Советот и тоа 12 советници од коалицијата Сојуз за иднината предводене од СДСМ: Марјан Даскаловски, Коста Јаневски, Катерина Кузмановска, Јосиф Христов, Љубинка Вета, Методи Витанов, Ацо Горгиев, Костадин Костадинов, Ленче Кукиќ, Петар Божинов, Борче Хаџиев, Наташа Иванова и 11  советници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ: Кирил Николов, Зоран Пакетов, Тинка Стојанова, Душан Спасов, Никола Пандев, Зулијана Иванова, Костадин Шолев, Катица Марангозова, Миро Топчев, Веселинка Ристовска и Борче Василевски.

 

АКО.мк