Неверојатна реакција на возачот на камион марка ,,Волво“ во Норвешка. Невнимателен ученик за влакно се спаси, а камионџијата со молњевита реакција спречи голема трагедија на локален пат во оваа земја. Школски автобус остави неколку ученици, од кои еден од нив тргна да ја помине улицата од задната страна на автобусот и налета директно пред камион, кој доаѓаше од спротивната страна:

За кусо време видеото било прегледано еден милион пати, а бројни се коментарите со пофалба за возачот на камионот, предупредување за родителите и лошата реакција на возачот на автобусот кој веднаш заминал од местото без да почека учениците безбедно да се одалечат.

Освен ова, се истакнува и одличниот систем на сопирачките кај камионите ,,Волво“.