ВИДЕО:Стјуард на ,,Американ Ерлајнс“ со детската количка ја удри мајката по што настана инцидент

Уште еден од низата инциденти во авионите на компанијата ,,Американ Ерлајнс“. Еден работник е суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео снимка со инцидентот пред полетување на авионот. На снимката се гледа како вработениот-стјуард учествува во кавга со неколку патници меѓу кои и расплакана жена со бебе во рацете, која тврдеше дека вработениот грубо и ја зел детската количка за да ја смести во делот за багаж и притоа ја удрил со неа. Таа беше многу вознемирена и не можеше да се смири шокирана од тоа што и се случило, а потоа атмосферата се вжешти кога се вклучи уште еден патник во нејзина одбрана:

</p>

Сурин Адјантаја што го снимил целиот инцидент, на својот ФБ напишал дека вработениот во  „Американ ерлајнс“ многу грубо и ја зел количката на жената и ја удрил со неа.

Инцидентот се случил на лет од Сан Франциско за Далас, а портпаролката на компанијата изјавила дека се врши истрага за целиот случај.

На почетокот на снимката не е регистриран инцидентот со количката, но се слуша како жената плаче и бара да и ја вратат назад. До ескалација на ситуацијата доаѓа кога маж станува во нејзина одбрана и бара да се каже името на вработениот што постапил непрофесионално и грубо. По ова стјуардот, кој во тој момент не бил во авионот, се вратил назад и почнал да се расправа со патникот, по што за малку е избегнат  физички инцидент меѓу нив.