ВИДЕО:Талат Џафери со пцости и свирежи избркан од протестантите на ,,За заедничка Македонија“

Пратеникот на ДУИ Талат Џафери денеска се обидел да влезе со својот автомобил на паркингот пред Собрание на РМ,
но протестаните од ,,За заедничка Македонија“ со навреди, пцости и свирежи беше вратен назад.

Порталите блиски до ВМРО ДПМНЕ го објавија видеото од овој настан, но деловите каде што разлутената толпа навредува и пцуе се избришани, иако првично објавеното видео на ФБ на некои профили, кое потоа го снема, содржеше навреди по етничка линија, но и пцости упатени кон Џафери:

На истите портали Џафери се нарекува провокатор кој намерно сакал да направи инцидент, а според нив во тоа му помогнал сопругот на паретничката од СДСМ Фросина Ременски, Јовче Ременски кој сега, откако беше деградиран од Митко Чавков, е полицаец и меѓу другото работи и на обезбедување на протестите.

Талат Џафери денеска од собраниската говорница упати серија критики кон ВМРО ДПМНЕ обвинувајќи ги дека тенденциозно прават хаос во државата и секојдневно упатуваат навреди и омаловажувања кон Албанците и пратениците од ДУИ.

,,60 дена ве трпиме и не реагираме“, рече Џафери.

АКО.мк