Видеото со грабањето за евтино пилешко во ,,Лидл“ било отстрането од интернет

Борис Малагурски, српски водител и режисер, кој го постави вчера видеото со тепачката меѓу купувачите за евтино пилешко во Лидл , објави дека од непознати причини било отсрането од интернет. Тој повторно го постави со објаснување:

,,Не знам која е причината, но повторно го поставувам видеото. Очигледно некому му пречи, межеби и ова наскоро ќе биде острането, па затоа споделувајте го да го видат повеќемина. Го ставам повторно мојот коментар , кој исто така беше избришан- По 18 години конечно се приближуваме кон западот, конечно почнавме да се туркаме, газиме и судираме меѓусебно за артикли во продавниците, како на отворањето во Лидл. Со таа разлика што луѓето на запад се тепаат за да заштедат на скапи производи, а ние за евтино пилешко. Ова е огледалото на нашето општество и држава, во која луѓето се тепаат за да преживеат“-.

 

 

Вчера во Србија во 12 градови беа отворени 16 продавници на германската трговска марка, Лидл.