ВИДЕО:Трајко Вељановски изгуби трпение и со пратениците од ВМРО ДПМНЕ

Претседавачот со парламентарна седница Трајко Вељановски, на која пратениците од ВМРО ДПМНЕ имаат стратегија на одолговлекување со говори, реплики и контрареплики, го изнервираа и неговите сопартијци. Откако го укори Павле Богоевски од пратеничката група на СДСМ дека го злоупотребува правото на процедурална интервенција, кажува што сака, а потоа бега надвор, по што следуваат неколку други процедурални, ја исклучи и избрка од говорница пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Благица Ласовска, која не сакаше да ја прекине контрарепликата во деловничкото време од една минута:

И во продолжение Вељановски не и дозволуваше на истата пратеничка да го надминува времето од она што е пропишано, на што таа реагираше дека само неа ја прекинува.

Собраниската седница на која треба да се избере нов Претседател повеќе од еден месец е блокирана со беспредметни говори, реплики, контрареплики и процедурални интервенции.

АКО.мк