ВИДЕО:Федерален судија ја блокираше извршната наредба на Трамп

Федералниот судија од Сиетл Џејмс Робарт донесе привремена национална блокада на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за влез на бегалци и граѓани на 7 муслимански земји во САД.

Трамповата администрација има право да се жали и да ја врати претходната наредба, но медиумите пишуваат дека оваа одлука на судијата претставува голем предизвик за Трамп.

Судската одлука на судијата Робарт се базира на објаснувањето дека американските држави немале прилика ниту време соодветно да одговорат и да бараат отповикување на одлуката на новиот претседател.

Одлуката на судијата од Сиетл е веќе прогласена за историска за владеењето на правото во Америка.

Главниот обвинител на Вашингтон Боб Фергусон рече:

,,Сигурен сум дека оваа одлука нема да му се допадне на претседателот Трамп, но неговата работа подразбира одговорност и тој мора да ги почитува одлуките на институциите,,.

Одлуката на судијата Робарт во пракса значи дека сега оние на кои им е забранет влез во Америка, може пповторно да бараат виза на аеродромите.

ако.мк,агенции