Динамо Загреб иако водеше со 1-0 на крај минимално беше поразен на гости кај Викторија Плзен со 2-1, сепак тимот на Аријан Адеми има добар резултат во пресрет на реваншот на „Максимир“.

Динамо поведе во финишот на првиот дел со голот на Даниел Олмо Карвахал во 41 минута. Домашните играчи преку Лудек Перница во 54. и 83 минута стигнаа до минимална победа. Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути за Динамо Загреб.

Стефан Ристовски со Спортинг во Лисабон е поразен од Виљареал со 0-1 и ги сведе на теорија шансите за пласман во следната рунда од нокаут фазата во Европа лигата. Голот за екипата од Шпанија го постигна Педраза по само 3 минути игра. Стефан Ристовски мечот го започна од клупата за резервни играчи но по само 28 минути влезе во игра.