Во Шарлот се одржува „ол-стар“ викендот, во дуелот на „ѕвездите во подем” победи тимот на САД, кој беше подобар од тимот на Светот со 161-144.

Најкорисен играч на мечот беше кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма, кој постигна 35 поени, шест скока и две асистенции.  Во составот на САД се истакнаа, Тејтум со 30 поени додека Јанг беше на чекор до „трипл-дабл“, имаше учинок од 25 поени 10 скокови и 7 асистенции.

Во составот на остатокот од светот, Симонс со 28 поени беше најефикасен играч.