ВИДЕО: Америка изврши ракетен напад врз Сирија

Соединетите американски држави извршија ракетни напади врз сириска воздухопловна база со повеќе крстосувачки ракети.Наредбата е издадена  од Претседателот Доналд Трамп, а претставува одговор на смртоносниот напад со хемиско оружје врз цивили што се случи деновиве, а за кој беше обвинета сириската влада.

Точно педесет и девет ракети Томахавк се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.

– Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.l

Izvor: YouTube/US Navy

Веднаш по нападите Русија побара одржување на вионредна седница на Советот за безбедност на ОН.

 

Америка верува дека од тие бази полетале авионите на Асад кои наводно испуштиле отровни хемиски средства врз населено место по контрола во на бунтовниците во провинцијата Идилб.

 

 

Ова е прв директен американски напад врз цели на сириската влада во шест годишната граѓанска војна во таа земја.

Тоа исто така е прваа воена наредба на претседателот Доналд Трамп од доаѓањето во Белата куќа.

Трамп во краткото телевизиско обраќање до нацијата изјави дека бил предизвикан од фотографиите на убиените сириски деца.

„Сирискиот диктатор Башар ал Асад изведе ужасен хемиски напад врз невини цивили. Користејќи нервен гас, Асад задуши животи на беспомошни мажи, жени и деца“.

 

Трамп ги повика, како што рече цивилизираните земји да им се придружат на САД во барањето крај на крвопролевањето во Сирија.

Непосредно пред американскиот напад, заменик амбасадорот на Русија во Обединетите нации Владимир Сафронков го предупреди Вашингтон да не презема таков чекор, додавајќи дека ќе ги сноси сите негативни последици од тоа.

Запрашан за тоа кои се тие негативни последици тој рече: „Погледнете го Ирак, погледнете ја Либија“.

Овој потег претставува драматично вртење за Трамп кој за време на изборната кампања најавуваше повлекување на САД од конфликтите на Блискиот Исток.

Воздушните напади добија силна поддршка од лидерите на двете партии во американскиот Конгрес.