Интересен натпревар одиграа Ајакс и Реал Мадрид во Амстердам , победа запишаа „кралевите“ со 2-1, сите голови реализрани во второто полуврме.

Актулениот шампион Реал Мадрид обебзеди минимална предност по гостувањето кај Ајакс кој се покажа како одличен противник а му беше поништен и гол откако се прегледуваше снимката при 0-0 во 36 минута што беше историски момент во ЛШ.

Реал Мадрид поведе со голот на Бензема во 60 минута. Домашните играчи успеаа да израмнат преку Зијеч 15 минути подоцна .

Конечните 1-2 ги постави Асенсио во 87 минута. Реал има одлична предност по првите 90 минути од довомечот со Ајакс кој се покажа како одличен противник иако многумина му предвидуваа катастрофа. Реванш натпреварот се игра на 5 март.