Меси со два гола и Суарез со еден и донесоа на Барселона убедлива победа портив Ливерпул од 3-0 со што Шпанците се на чекор од финале во Мадрид 2019 во Лигата на шампионите.

Меси го постигна третиот гол од слободен удар што е ремек дело на најдобриот играч во моментов на светот. Клоп и натаму без победа во Шпанија и по ова гостување на „Камп Ноу“.

Ова беше супер интересен и возбудлив натпревар, Ливерпул можеби и не заслужи вака висок пораз, но головите се бројат, а не шансите кои тимот од Англија ги имаше навистина многу, но не искористи ниту една.

Реваншот е за седум дена и на Ливерпул ќе му треба чудо за пласман во финалето.