Бреша конечно се враќа во најсилната фудбалска конкуренција во Италија, со победата над Асколи од 1-0, го осигура првото место во „Серија Б“ и враќање во елитата.

Десена во 36 минута го постигна победничкиот гол за Бреша против Асколи, со овие освоени три бода ја осигура првата позиција на својата екипа.

Тимот на Нестровски и Трајковски, Палермо, за враќање во елитата мора да победи на последните два меча во лигата , вчера, тимот на нашите репрезентативци одигра 2-2 со Специа, Нестровски и Трајковски настапија на оваа средба, Нестроовски одигра комплетни 90 минути, Трајковски играше од 76 минута.

Палермо во последните две кола се среќава со Асколи на гости и Цитадела на домашен терен, за директен пласман во елитата, ќе треба да киксира Лече кој е втор на табелата со четери бода предност , ако остане на третото место, Палермо ќе игра плеј-оф за враќање во „Серија А“.