Вардар победи во градското дерби со Металург, 32-31 и ја продолжи победничката серија. И без повеќе првотимци „црвено-црните“ ги освоија бодовите, а гостите повторно се покажаа како цврст противник.

Меѓу два натпревари од четврт-финалето на Лигата на шампионите Вардар ги одработува и обврските во домашното првенство, и требаше да го одигра дуелот со Металург. Градското дерби секогаш носело неизвесност, па така беше и сега. Гостите од Автокоманда може да заминат и со бод, но во последните напади ние реализиравме кога беше најпотребно. На крајот Вардар се радуваше на победата, 32-31, трет триумф во плеј-офот во домашното првенство.

Во првиот дел од средбата се играше „гол за гол“ до резултат 4-4, пред вардарци да се одлепат на прва поголема предност од 7-4. Тоа сепак не ги обесхрабри играчите на Металург, кои заиграа подобро во одбраната во следниот период, а беа прецизни и во нападот, па по петнаесетина минути израмнија на 7-7. Mеталурзите добија крилја и во финишот на полувремето ја имаа и најголемата предност со голот на Шилегов, 15-18.

Во вториот дел, отпорот на Металург траеше десетина минути. По 20-22, Вардар направи серија од пет голови, но не го реши прашањето околу победникот, 25-22. Постот на Металург траеше седум минути, а Шпенде го прекина со голот во 45. минута, 25-23. Металурзи не се предавааа и ја вратија предноста на своја страна, 26-28 на десетина минути до крајот. Вардар во последните минути со удар на Карачиќ зголеми н а32-31, а во последниот напад гостите нереализираа.