Расел Вестбрук го оствари десетиот „трипл-дабл“ едно по друго и со тоа го надмина легендарниот Вил Чемберлен кој имаше девет во низа.

Вестбрук до десетиот во низа троен двоен учинок стигна со 21 поени, 14 скокови и 11 асистенции, неговиот тим Оклахома славеше против Портланд со 120-111. Пол Џорџ од Оклахома исто така оствари „трипл-дабл“ со 47 поени 12 скокови и 10 асистенции, Весбрук и Џорџ се девети соиграчи во историјата на НБА кои на ист меч оствариле „трипл-дабл“.