ВИДЕО: Владимир Путин запеа пред студентите

Рускиот претседател  Владимир Путин заедно со студентите на Московскиот државен универзитет ја запеа неофицијалната химна на космонаутите со која се слават успесите на СССР во вселената.

 

 

Ројтерс пренесува дека Путин го посетил овој универзитет на Денот на студентите, но одеднаш еден студент почнал да ја свири оваа мелодија на својата гитара, а рускиот претседател му помогнал со зборовите на химната. Бидејќи држел микрофон во рацете, тој продолжил да пее.

14 Minutes to the Launch, е песна напишана 1960 , а една година подоцна станала неофицијална химна за патувањето на Јуриј Гагарин  во вселената.